дома Вести Трамп официјално е обвинет за поттикнување на бунт против државата

Трамп официјално е обвинет за поттикнување на бунт против државата

238
0
АКЦИЈА

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и официјално е обвинет за поттикнување на бунт против државата, бидејќи неговиот говор ги охрабрил приврзаниците на упад во Капитол Хил на почетокот на јануари.

Процесот кој ќе започне за две недели, ќе се спроведе во Сенатот, а улогата на поротник ја играат стотина сенатори кои ќе положат заклетва денес. За првпат во својата 232 – годишна историја, Сенатот води судски процес против поранешен претседател, а лидерите на демократите и републиканците на Капитол Хил се уште се усогласуваат за деталите за постапката.

Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се прогласи виновен 45-от претседател на Соединетите држави. Судењето во Сенатот официјално треба да почне на 8 февруари.

Продолжуваат масовните протести проследени со големи инциденти во Холандија поради актуелни ограничувања во земјата поврзани со корона кризата. Т.Н Корона Хулигани и синоќа се судрија со полицијата во Амстердам, Ротердам и Хаг, при што повредени се и неколкумина полицајци, а полициските извешати бележат и големи грабежи.  За да ги растера групите кои протестираа Полицијата употреби водени топови.

Првите судири избувнаа во неделата вечерта, а најжестоко беше во Ајндховен каде хулиганите фрлајќи камења и пиротехнички средства ја нападнаа полицијата. Досега се уапсени повеќе од 200 демонстранти. Предвидените забрани и полицискиот час ќе траат најмалку до 8 февруари.

Грција потпиша договор за купување 18 борбени авиони од типот Рафале од Франција. Вредноста на договорот изнесува околу 2,5 милијарди евра и вклучува испорака на 12 користени авиони Рафал од француското воено воздухопловство, и шест нови авиони од истиот тип.

Одлуката за преговорите во септември ја донесе грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, по тензиите со Турција и случувањата во спорните води на источен Медитеран. Испораката на борбените авиони Рафал би требало да започне во јули.

Извор Сител Телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here