Европската унија ќе ги принуди сите фармацевтски компании со кои има потпишано договор да го испочитуваат својот дел од обврските за набавка на вакцини, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Компанијата Фајзер минатата недела соопшти дека времено го намалила количеството на својата вакцина за Европа, со цел да направи промени во производството за да се зголеми бројот на дозите.
Британската компанија АстраЗенека, исто така, наведе дека првичната испорака за регионот ќе биде помала поради грешка во производството.
– Наш план е да ги натераме сите фармацевтски куќи да ги испочитуваат договорите кои ги потпишаа. Имаме законски мерки на располагање, истакна Мишел.
Тој не заборуваше за евентуални санкции, но нагласи дека ЕУ ќе инсистира на транспарентност поради причината за доцнење.
Извор Сител Телевизија