дома Балкан Кинеските вакцини стигнаа во Србија, а Вучиќ ќе се вакцинира со една...

Кинеските вакцини стигнаа во Србија, а Вучиќ ќе се вакцинира со една од нив

277
0
АКЦИЈА

Милион дози од вакцината на кинеската компанија „Синофарм“ пристигнаа денес во Србија, а авионот со вакцините беше пречекан од претседателот Александар Вучиќ на белградскиот аеродром.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави за кинеската државна телевизија дека кинеската вакцина е доказ за големото пријателство меѓу Србија и Кина и најави дека тој ќе биде вакциниран баш со кинеската вакцина. Авионот „Ер Србија“ со првиот контингент на кинеските вакцини против вирусот корона слета на аеродромот „Никола Тесла“ околу 9,45 часот. Покрај претседателот, авион го пречекаа и кинескиот амбасадор во Србија Чен Бо и министерот за здравство Златибор Лончар.

Вучиќ: Пристигнувањето на кинеските вакцини е израз на големо пријателство.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за кинеската државна телевизија рече дека пристигнувањето на кинеските вакцини е доказ за големото пријателство меѓу Србија и Кина и најави дека ќе биде вакциниран со таа вакцина.

Вучиќ за кинеската телевизија Си Си ТВ рече дека дошол на аеродромот за да покаже почит и да каже сè најдобро за вистинското пријателство што Србија го има со Кина, многу долго време.

Како одговор на тоа пријателство, додава тој, добивме вакцини, за што тој е особено благодарен на кинескиот претседател Си Џипинг.

Тој, исто така, изрази посебна благодарност до кинескиот амбасадор во Белград, Чен Бо, која, според него, вложила големи напори во овој важен потфат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here