Ангела Меркел доби наследник на челото на својата партија, Христијанско-демократската унија (ЦДИ)
EPA-EFE
59-годишниот Армин Лашет денес стана сојузен претседател на германските христијански демократи од десниот центар.
Избран е во вториот круг против многу конзервативниот Фридрих Мерц со 521 глас за и 466 против. Покрај нив за лидерската позиција се натпреваруваше и Нортберт Ретген.
Меѓу тројцата кандидати Лашет, кој од 2017 е премиер на германската најбројна сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, е оној кој најостро се залага за продолжување на политиката на Ангела Меркел и центарот на ЦДУ.
Во својот говор пред денешното гласање Лашет повторно ја истакна важноста на единството.
„На ЦДУ не му е потребен извршен директор да ја води, туку капитен на екипата кој ќе го води патот и ќе ја држи партијата обединета“, истакна наследникот на Меркел.