дома Балкан Србија почнува масовна вакцинација со кинеската вакцина, како тече процесот во останатите...

Србија почнува масовна вакцинација со кинеската вакцина, како тече процесот во останатите земји во светот?

246
0
АКЦИЈА

Ова е табелата на оксфордскиот универзитет која ја покажува успешноста во вакцинирањето во секоја земја посебно, заклучно до 15 јанури. Прв на листата неприкосновено е Израел со 25,34 проценти на имунизирано население со барем една доза на вакцина, слеедат Бахреин, Велика Британија и САД.

Во ЕУ Данска е на врвот со 2,54 проценти, а на дното се Франција, Холандија, Грција, Бугарија, со 0,6 до 0,2 насто.

Табелите за смртните случаи на милион жители даваат една сосема друга реалност. Најмалку се вакцинираат тие кои имаат најголем број на починати, први се Сан Марино, а потоа следува Белгија и Словенија, на осмо место е Македонија.

Нашата земја меѓутоа ја нема на мапата на земји кои обезбедиле вакцини бар за една група ранливи категории. Со нас во овој кош се БиХ, Косово и ЦГ.

Но работите со вакцинацијата се менуваат од ден во ден. Во Србија денеска се пристигнати милион дози од кинеската вакцина Синофарм. Таа ќе биде пуштена во употреба утре или во понеделник откако дозвола ќе даде агенцијата за лекови. Се работи за традиционална вакцина направена со умртвен вирус кој поттикнува развој на имунитетот, со ефикасност до 80 проценти. Претседателот Вучиќ најави дека со новите пратки од Фазјер и Спутник очекува до среда да имаат преку 1,4 милиони дози во Србија.

Но не се сите така задоволни со дистрибуцијата на вакцините. Најавите на Фајзер дека во наредниов период ќе преполови испораката предизвика остри реакции во седум земји на ЕУ, кои својот бес го истурија врз ЕК.

Во меѓувреме властите во Индија започнаа масовна вакцинација против ковид. До август треба да се вакцинираат 300 милиони луге и тоа со вакцини произведени во Индија. Едната е верзија на Оксфордката Астразенека а другата е вакцината Коваксин развиена од индиските фармацевти.

  • Сања Сеизова Мрмова
  • Извор Сител Телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here