дома Свет Сијарто: Русите и Кинезите нема да им дадат на своите граѓани штетни...

Сијарто: Русите и Кинезите нема да им дадат на своите граѓани штетни вакцини

59
0
АКЦИЈА
epa08227376 Hungarian Minister of Foreign Affairs and Trade Peter Szijjarto speaks during a meeting with Kyrgyz Foreign Minister Chingiz Aidarbekov (not pictured) in Bishkek, Kyrgyzstan, 19 February 2020. Szijjarto is on an official visit to Kyrgyzstan. EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, е сигурен дека Русија и Кина нема да им дадат на своите граѓани штетни вакцини против коронавирусот.

-Кога бевме мали, никој не размислуваше дали вакцините доаѓаат од истокот, а денеска сето ова е поврзано со заштитата на унгарското население од разни болести. Дали некој сериозен ќе помисли дека Русите и Кинезите намерно ќе им даваат штетни вакцини на своите граѓани, јавно се запраша Сијарто, пренесен од Тасс.

Тој додаде дека е подготвен да ја прими вакцината кога ќе дојде редот на цивилите и истакна дека унгарските експерти забележале високо ниво на руски технолошки стандарди и професионални вештини.

-Многу е сигурно дека ќе можеме да сметаме на руски вакцини во голем обем, ако тие можат да произведат толку многу, заклучи унгарскиот министер за надворешни работи

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here