дома Економија Парлер го тужи Амазон

Парлер го тужи Амазон

232
0
АКЦИЈА

Социјалната мрежа Парлер поднесе тужба против технолошката компанија Амазон, тврдејќи дека со нејзината суспензија донела незаконска и полтички

Социјалната мрежа Парлер поднесе тужба против технолошката компанија Амазон, тврдејќи дека со нејзината суспензија донела незаконска и полтички мотивирана одлука во корист на компанијата Твитер.

Во тужбата поднесена до Окружниот суд во градот Сиетл, компанијата Парлер наведува дека Амазон и причинил тежок удар со прекин на услугите за веб хостинг, откако Епл и Гугл ја прекинаа дистрибуцијата на нивните апликации.

Со судската тужба Парлер бара од Амазон тројна отштета, враќање на претходниот статус и услугите кои претходно ги договорил. Исто така, бара и парична отштета, тврдејќи дека имал повеќе од 12 милиони корисници, а загубил милиони, во момент кога американскиот претседател во заминување Доналд Трамп им сугерирал на конзервативните приврзаници да ја заменат социјалната мрежа Твитер со Парлер.

Истовремено, компанијата Амазон е обвинета за лицемерство поради недовербата во врска со способностите на Парлер за контрола на работата на платформата, вклучувајќи отстранување на содржини кои поттикнуваат насилство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here