дома Свет Горилите во зоолошката градина во Сан Диего се позитивни на ковид-19

Горилите во зоолошката градина во Сан Диего се позитивни на ковид-19

36
0
АКЦИЈА

Две горили во зоолошката градина во Сан Диего во Kалифорнија биле позитивни на ковид-19. Се верува дека ова се први инфекции забележани кај приматите.

Изворот на инфекција сè уште се истражува, бидејќи не е јасно како вирусот бил пренесен на мајмуните.

Други диви животни за кои се знае дека се заразиле со вирусот се лавови и тигри. Директорката на зоолошката градина во Сан Диего, Лиса Петерсон, за Асошиејтед прес изјави дека сега се смета дека се заразени осум горили кои живеат заедно во паркот и дека покажуваат симптоми како кашлање.

Петерсон додаде дека можен извор на инфекција може да бил член на тимот за згрижување на диви животни во зоолошката градина, кој бил позитивен на ковид-19, но бил асимптоматски.

Од зоолошката градина соопштија дека соработуваат со експерти за лекување на коронавирусот кај луѓето, во случај горилите да развивијат тешки симптоми.

„Ова е див свет, и тие имаат своја еластичност и можат да се лекуваат поинаку од нас“, рече директорот на зоолошката

Извор Канал 5

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here