дома Балкан Брнабиќ: До крајот на јануари Србија ќе има два милиона вакцини

Брнабиќ: До крајот на јануари Србија ќе има два милиона вакцини

285
0
АКЦИЈА

Српската премиерка Ана Брнабиќ, денеска изјави дека Србија ќе има два милиона вакцини до крајот на јануари, од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември.

Таа рече дека дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини се очекуваат во февруари.

– Така до мај, јуни се надевам дека ќе можеме да ја завршиме вакцинацијата. Ако успееме, ќе бидеме една од првите земји што ќе го сториме тоа во Европа, рече Брнабиќ.

Таа повтори дека Србија во моментов има договор за осум милиони вакцини, од различни производители, што е доволно за вакцинирање на четири милиони луѓе, наведувајќи дека властите рано ги започнале преговорите. 

Извор Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here