дома Свет Меркел: Ниедна држава не е безбедна од Ковид-19 ако не се и...

Меркел: Ниедна држава не е безбедна од Ковид-19 ако не се и нејзините соседи и пријатели

262
0
АКЦИЈА

„Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту една земја, дури ниту Германија, не би била безбедна од вирусот

Ниту една земја не е безбедна од коронавирусот, ниту Германија, ако не се и нејзините пријатели и соседи, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа изрази верување дека е добра одлука да се набави вакцината во заеднички процес преку ЕУ.

„Вирусот кој влијае на сите нас не може да биде поразен од една земја самостојно. Ниту една земја, дури ниту Германија, не би била безбедна од вирусот ако не се и нејзините пријатели и соседи“, подвлече таа.

Во неделното обраќање, Меркел процени дека трезвеноста и претпазливоста ќе се исплатат. Таа исто така истакна дека следните недели од зимата ќе бидат најтешки во пандемијата.

Според неа, продолжените и построги мерки се клучни во борбата против вирусот.

„Лекарите и другиот медицински персонал работат во многу болници до истоштеност. Исто така, она што го слушаме за мутацијата на вирусот не ја прави загриженоста помала, туку напротив. Целта, според тоа, мора да биде јасно да се намали бројот на новозаразени, за да може здравствените установи да трагаат  контакти“, објасни Меркел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here