дома Свет Америка не може да промовира демократија надвор, кога ја нема дома

Америка не може да промовира демократија надвор, кога ја нема дома

277
0
АКЦИЈА

Што ако американските новинари пишуваа за домашната политика на начинот на кој пишуваат за другите држави? Ова прашање беше поставено повеќепати од страна на американските медиуми од 2016 година до денес. Твитер исто така се шегуваше за ситуацијата, но шегите престанаа да бидат смешни кога гневната толпа завчера упадна во Конгресот на САД. Ваквите глетки потсетија на Бориј Јелцин качен врз тенк, на арапската пролет или на улиците на Венецуела, пишува „Форин полиси“.

За оние ширум светот кои ги следеа настаните во Конгресот, САД се доведоа во ситуација против која американските лидери честопати се противеа – на слаба демократија неспособна да спречи насилство и крвопролевање кои ја оневозможуваат транзицијата на власта од еден лидер на друг.

Тоа е знак и за нарушеноста на дебатите за американската надворешна политика, кога првичната реакција на многумина познавачи на состојбите беше изразената загриженост за американскиот морален авторитет и глобално водство.

Имаше комнетари дека последните случувања ќе ја подријат американската промоција на демократијата во странство. Накратко, среде обид за пуч насочен кон потврдувањето на резултатите од демократските избори, со толпа која упаѓа во Конгресот, многумина вклучени во надворешната политика беа загрижени дали САД ќе можат да продолжат со ширењето демократија и борбата за човекови права во странство, односно дали оваа ситуација ќе влијае врз способноста на Америка за натпреварување со Кина.

Како некој може да очекува, како што вети Џо Бајден, „враќање на одговорното американско лидерство на светската сцена“, ако Американците не можат да ја спроведуваат власта дома? Како можат САД да ја шират демократијата или да се сметаат за пример за другите, ако едвај имаат функционална демократија дома, се прашува во анализата на американскиот магазин.

Завчерашното насилство со сигурност ќе нанесе штета на глобалниот имиџ на САД иако претходните четири години во мандатот на Доналд Трамп веќе нанесоа извесна штета. Иако е извесно дека политичките превирања што ги зафатија САД од неоември ќе го отежнат создавањето на меѓународна коалиција против Кина, но тешко е да се види зошто американските власти даваат приоритет врз создавање на лошо дефинирана „коалиција на демократии“ против Кина, наместо да го сопрат „крварењето“ дома, заклучува „Форин полиси“.

Извор Нова Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here