дома Вести Хаос во Вашингтон, демострантите влегоа во конгресот

Хаос во Вашингтон, демострантите влегоа во конгресот

245
0
АКЦИЈА

Конгресот на САД се заклучи во средата околу 14 часот по локално време со сите пратениците внатре, кога избувнаа насилни судири меѓу приврзаниците на претседателот Доналд Трамп и полицијата.

Во Капитол во тек беше расправа за забелешките на група републикански сенатоти и конгресмени за резултатот од изборите во Аризона и се очекуваше да гласаат за да се потврди победата на Џо Бајден. Како резултат на „надворешна безбедносна закана“, никој не можеше да влезе или да излезе од комплексот Капитол, јавува Асошиетед прес.

Во преносот на Си-ен-ен може да се види дека многу од демонстрантите насилно влегоа во внатрешноста на конгресот, а некои од нив продреа дури до салата на Сенатот, која е на вториот кат од големата зграда.

Двете комори со кои претседава потпретседателот на САД, Мајк Пенс, нагло заминаа на пауза.

Имаше малку полицајци пред Капитол, а дури потоа пристигна засилување. Градоначалничката на Вашингтон ДЦ нареди полициски час од 18 часот по локално време.

Нередите се случија на место каде што ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател Бајден за само две недели.

Демонстрантите ги урнаа металните барикади на дното на скалите на Капитол и беа дочекани од полицајците во опрема за немири. Некои се обидоа да ги истуркаат офицерите кои држеа штитови и офицери, можеше да се види како пукаат со пепер спреј во толпата за да ги задржат назад. Некои од толпата викаа „предавници“ додека офицерите се обидоа да ги задржат назад.

Исто така, во областа е пријавен и сомнителен пакет, соопшти полицијата од Капитол.

Безредијата се случија непосредно откако Трамп им се обрати на илјадници свои приврзаници, насочувајќи се кон толпата со неговите неосновани тврдења за изборни измами на митинг во близина на Белата куќа во средата пред гласањето на Конгресот.

„Ние нема да ги оставиме да ги замолчат вашите гласови“, им рече Трамп на демонстрантите, доаѓаа уште пред изгрејсонцето за да добијат главна позиција да го слушнат претседателот.

извор независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here