дома Балкан Вучиќ: Во зависност од моженостите ќе ги набавиме сите вакцини, покрај другите...

Вучиќ: Во зависност од моженостите ќе ги набавиме сите вакцини, покрај другите наскоро стигнува и кинеската

237
0
АКЦИЈА

Болницата е изградена за четири месеци, а првите пациенти ќе ги прими во понеделник.

По пристигнувањето пред болницата, Вучиќ им се заблагодари на сите работници кои вложија труд што побрзо да се изгради болницата.

Тој особено му се заблагодари на медицинскиот и помошниот персонал кој ќе работи во новата болница.

Претседателот на Србија ја истакна важноста на болницата во Крушевац, не само за време на борбата против пандемијата, туку и подоцна.

Вучиќ рече дека ќе даде сè од себе вакцината да ја донесе во Србија и дека ЕУ нема да го спречи тоа, како што се пишувало.

„Вакцинацијата е од клучна важност, тие велат дека станува збор за комфор, но тоа е прашање за нашиот живот. Верувам дека во следните два-три дена ќе ги добиеме првите вакцини на Фајзер“, рече Вучиќ, пренесе Б92.

Тој изјави дека наскоро се очекува и кинеската вакцина, а потоа и американската Модерна.

„Како што ќе бидат нашите можности, ќе ги набавиме сите“, вели претседателот на Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here