Македонскиот здравствен систем е стабилен, но не е и доволно модерен, не е во тек со времето и во квалитетот како светските здравствени системи, и не е доволно опремен, односно на квантитативно ниво постои голем недостаток на најрозновидна базична опрема.
Но како што можеме да видиме што со донации што со предадената работа на медицинскиот персонал, некако излегуваме на крај со пандемијата Ковид-19. Како и сите Екс Југословенски земји така и Македонија горе доле како и тие, ја води својата војна со пандемијата.
Доаѓа времето каде што кодот на болеста е веќе дешифриран од високо стручните лица од светот, а вкацината е пронајдена, и е на добар пат за пуштање во употреба. Некои светски земји веќе одобрија употреба на некои од вакцините. Вакцината на Фајзер е најскапа на пазарот, и многу држави во светот нема да можат да си ја приуштат, додека некои земји ќе можат да набават по две дози по жител од истата вакцина.
Здравството е основен темел на секое едно општество, во што имаме ретка можност да се увериме затекнати во време на светска пандемија. Според тоа многу држави во светот го искажаа својот став по однос на вакцините и нивните цени на набавка и квалитетот задоволувајќи ги пред се потребите на своите граѓани, своите општества и држави при било каква набавка на некои од вакцините. На овие прашања одговорите и соодветно на тоа постапките, односно при набавките секогаш и првенствено треба да се заштити она што е најважно, а тоа се животите на граѓаните, со одреден план цената да не ги загрози останатите општествени сфери, посебно во економската состојба во која се наоѓа Македонија и така од здравствен проблем да навлеземе во друг општествен проблем.
Не се работи за поголемо или помало зло, туку меѓу останатото се работи и за избор. Пример за тоа од нашите балкански соседи, и воедно од Југоисточни европски држави е Србија, која го дигна својот глас пред народите во име на заштата на здравјето на своите граѓани и отиде најдалеку во овој поглед на одговорност и спретност во справувањето со состојбите во овие страшни времиња на светската пандемија од вирусот Ковид-19.
Србија официјално во соработка со Русија ќе ја произведува вакцината “Спутник В” за потребата на своите граѓани.
Тие не ставија забрана за купување на другите вакцини кои се нудат на здравствениот пазар. Напротив Србија покрај набавката на сите видови вакцини, таа и ќе произведува вакцина по што логично се изведува засега првичното мислење по објавата на овој податок, дека граѓаните на Србија имаат најголема доверба во вакцината произведена во нивната земја, бидејќи ниедна земја не може без своите граѓани. Со вој вулгарен заклучок не сакам да го доведам во прашање квалитетот на другите вакцини, туку само да ја потвдам човечката доверба кон својата држава како нешто кое системски, институционално и политички највеќе и најдобро се грижи за своите граѓани, и им е најпознато токму ним.
Србија и Македонија неодамна потпишаа договор со кој нашите и српските државјани ќе можат да се лечат во овие две соседни земји, ако под лечење на оваа болест спаѓа и нејзината превенција преку вакцинација тогаш може да се очекува и некои македонски граѓани да се вакцинираат со вакцината “Спутник В” произведена во Србија.
Македонија не отиде толку далеку, но сепак мислење на многумина е дека не треба да го затвори пазарот само за една вакцина. Постојат повеќе вакцини произведени во повеќе држави, кои исто така ќе ги примаат луѓе кои живеат во тие држави, кои се и многу поразвиени од нашето општество и држава. Тие луѓе ја имаат привилегијата да веруваат во вакцините произведени во своите држави, како што и луѓето во Србија ќе ја имаат истата можност, мене искрено ми е многу жал што граѓаните на Македонија нема да ја имаат оваа можност, затоа барем нека не ја ограничуваат можноста за избор на граѓаните на вакцината.
Секој лек има нус ефекти, така да изборот кога станува збор за лекарствата, кај лекарите секогаш наидувал на поздравување.
Колку повеќе лекарства имаме за една болест, толку повеќе болеста е излечива, затоа што е поевтино нејзиното лечење.
Исто така различните искуства во лечењето на болестите ни укажуваат на недостатоците на одредени слични лекарства со кои е третирана истата болест.
Значи постојат повеќе различни решенија за еден проблем и по вредност и по ефикасност.
Меѓу многуте останати, и овие неколку стари здравствени мудрости и максими се денес водилка на многу земји и народи во светот водени од високо етички медицински стандарди во борбата против пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19.