Кинезите го градат белградсото метро.
Претсавници на компанијата Пауер Чајна (Power China) почнаа преговори со српските официјални лица за учеството во изградбата на белградското метро. Првиот разговор, на кој учествуваше и кинеската амбасадорка во Србија Ченг Бо се одржа во Белград со Министерот за финансии на Србија Синиша Мали.
Министерот најави дека во мај следната година ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу кинеската и француската страна, кој ќе ја формализира заедничката соработка во најголемата и најзахтевната инвестиција во Србија.
Пауер Чајна (Power China) ќе биде главен изведувач на работите кои чинат 70 проценти од вредностите на вкупните вложувања во изградбата на метрото. Таа кинеска компанија моментно ја гради обиколницата околу Белград, а заинтересирана е и за изградбата на сообраќајниот коридор “Вожд Караѓорѓе”, кој треба да ги поврзе коридорите 10 и 11. Француската страна ќе биде задолжена за електро механиката, а кинеската страна ќе се занимава со градежните работи на изградбата на метрото во градот кој има околу 1,7 милиони жители.
Проценката вели дека изградбата на белградското метро ќе чини повеќе од 4,4 милијарди евра, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ: “Огромно вложување, огромни пари но тоа драстично влијае на зголемување на бруто домашниот производ во годините кои се пред нас, посебно во 2022 и 2023. година, во која Србија сака да продолжи со успесите во споредба со сите останати”.
Министерот за финасии Синиша Мали вели дека овој проект е од стратешко значење за Белград и за Србија и сем тоа ќе биде и симбол на модернизација на Србија. Проектот на метрото е дел од проектот ”Србија 2025″ кој претседателот Вучиќ им го претстави на граѓаните на Србија при крајот на минатата година.
“Да ве потсетам 14 милијарди евра додатни пари ќе вложиме во патната инфраструктура. Се предвидува првата линија на белградското метро да оди од Макишкото поле до Миријево, првата фаза до Панчевачкиот мост во должина од 21,3 километри, со 23 постојки и други линии од Миријево до Земун, долги 19,2 километри со 20 постојки. Со Работите би требало да се почне идната година”.
Превземено од (CRI)