дома Вести Кина им оддаде почит на жртвите од масакарот во Нанџинг

Кина им оддаде почит на жртвите од масакарот во Нанџинг

229
0
АКЦИЈА

Кина им оддаде почит на жртвите од масакарот во Нанџинг.

Жителите на кинескиот град Нанџинг со минута ќутење и со сирени оддадоа почит на жртвите од масакарот во тој град кој се случи кога јапонските трупи го завземаа Нанџинг на 13 декември 1937.година.

Јапонските освојувачи тогаш брутално убија околу 300.000 кинески цивили и ненаоружани војници во текот на шестнеделниот масакар, што го чини една од најварварските епизоди во Втората свестка војна.

И покрај многу ладното време, илјадници луѓе облечени во темна облека и присуствуваа на седмата национална церемонија на спомен на Нанџискиот масакар во источната кинеска провинција Џијангсу. Насобраните имаа закачени бели цветови на градите, како на тој начин би им оддале почит на убиените. Сабајлево во 10:01 се зачуја сирени, а возачите ширум градот ги застанаа своите автомобили и почнаа да свират.

Во текот на оддавањето на почитта кон жртвите на масакрот, повеќе од 80 тинејџери ја прочитаа декларацијата за мир, а претставниците на граѓаните удрија во ѕвоното на мирот.

Да се потсетиме Врховното кинеско законодавно тело 2014. година го прогласи 13 декември за национален ден на сеќавање на жртвите на масакарот во Нинџинг.

Превземено од (CRI)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here