Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен им кажала на лидерите на Европската Унија дека мала е надежта за постигнување договор со Лондон за идните трговски односи, кажаа за Франс прес учесници на состанокот.
Фото: ЕПА
Таа оцени дека постои „поголема веројатност да не се постигне отколку да се постигне договор“, рекле европските извори.
И британскиот премиер Борис Џонсон, кој во средата во Брисел се состана со претседателката на ЕК, исто така оцени дека постои голема можност преговорите да пропаднат.
Меѓутоа, во Брисел продолжуваат разговорите на европскиот преговарач Мишел Барние и Британецот Дејвид Фрост.
Велика Британија, која официјално ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година, дефинитивно ќе ги напушти единствениот пазар и царинската унија на 31 декември.