Ѕвездата на Тик Ток Чарли Д ‘амелио категорично ги отфрли обвинувањата дека купувала следбеници на платформата.
Пред неколку недели, таа стана прв креатор на социјалната видео платформа што помина 100 милиони пратачи, и тоа доведе до многу спекулации на друштвените мрежи дека таа цифра, тој број на следбеници или пратачи не е легитимна.
Како и да е, 16 годишната инфлуенсерка во нејзиното последно видео на социјалната видео платформа Тик Tок го отфрла мислењето дека по лажен пат се стекнала со толку следбеници. Видеото е заедно со нејзината сестра Дикси и е насловено Charli and Dixie: 2 Chix.
Таа зборувајќи на нејзиното видео шоу, рече: ” Да ли јас некогаш сум купила следбеници за мене или некој друг? Не никогаш не сум купила за никого ни за самата себе.”
Професионалната танчерка и интернет сензација беше запрашана да ли таа или нејзината сестра или нејзините славни пријатели, некогаш купиле следбеници. Таа исто така ја стави во кошот за стари алишта веста дека Дикси некогаш купила фанови велејќи: ” Да ли моето семејство? Не, тие немаат купено. Да ли некој кого го познавам. Не нема таков, не постои..”
Можете да видите каде води ова – тие немаат купено навистина ниеден следбеник, тоа е вистината луѓе.
Таа продолжи: ” Има ли Бутсови на апликацијата ТикТок? Всушност сите имаат Бутсови. Така апликацијата работи.
“Така тие ја направија апликацијата да биде каква што е.
“Нежам да го контролирам тоа? Апсолутно не. Немам моќ за тоа. Јас не работам во ТикТок.