дома Балкан Кинезите ја шират бесцаринската зона “Шумадија”

Кинезите ја шират бесцаринската зона “Шумадија”

263
0
АКЦИЈА

Крагуевац има и друга слободна зона со која управува “Фиат -Крајслер автомобили Србија” и кинеската компанија “Јафенг ентериери”

Јангфенг ентеријери во Крагуевац

Крагуевац – Откако е основана во март 2019. година, бесцаринската зона “Шумадија” со одлука на градот е двапати проширувана, прво од пет на 10 хектари, а од неодавна и се придадени уште шест хектари. Во Србија заедно со Кеагуевачката “Шумадија”, постојат 15 слободни зони на работа во кои работат 204 компании со околу 35.000 запослени, а нивното учество во извозот е 14 проценти.

Формирањето на бесцаринската зона “Шумадија” ја покрена кинеската компанија “Јангфенг” која во ноември минатата година го отвори својот прв погон во Крагуевац, фабрика за изработка на автомобилски ентериери. Втората “јангфенгова” фабрика е во изградба и во неа ќе се прават автомобилски седишта, а со неа се гради и погон на компанијата “Сенчи” која, исто така доаѓа од Кина.

Кинескиот „Јанфенг” е заправо голема мултинационална компанија со 111 погони во 120 земји и со околу 32.000 работници. И изградената фабрика “Јангфенг ентериери”, и другата во изградување “Јангфенг ситинг” работат со најголемите светски производители на автомобили, со германските гиганти “Мерцедес” и “Бе- Ем- Ве” на кои им испорачуваат седишта и други внатрешни селови за автомобилите. Компанијата “Сенчи” секогаш ја прати компанијата “Јангфенг ситинг”.

– Досегашните вложувања се околу 36 милиони евра, а до 2023.година инвестицијата би можела да биде дуплирана, барем така е најавено на отварањето на фабриката “Јангфенг ентриери”. Предвидено е и запослување на околу 800 работници. Ова би била голема корист за Крагуевац и да ја нема слободната зона на работење која додатно го убрзува развојот на градот. Административните работи далеку побрзо се решаваат во бесцариснките зони, а работите тогаш се шират и вон тие зони, наведува Вујновиќ. .

Формирање на бесцарински зони на работење, на иницијатива на локалните власти, одобрува управата за слободни зони на Министерството за финансии која е основана 2008. година во очи на доаѓањето на “Фијат-Крајслер автомобили Србија” располага со 176 хектариземјиште на десната обала на Лепеница со кои некогаш газдувала крагуевачката “Застава”. Слободната зона “Шумадија” формирана е на левата обала на Лепеница, на самиот влез во градот по патот од Баточина.

– „Фијат” направи бесцариснка зона исклучиво за свои и потребите на своите кооперанти кои изградија погони во Грошница, на место каде што се наоѓаа војни објекти. Заради тоа, за потребата на кинеските компании мораше да се формира друга бесцаринска зона. Крагуевац е во таа смисла привилегуван, затоа што нигде во Србија не постојат две бесцарински зони на така мала оддалеченост- вели Вујновиќ.

Компаниите кои работат во бесцаринските зони ослободени се од ДДВ и данок на увоз репроматријали и делови за своите производи наменети за извоз. Локациите на кои градат фабрики немораат да бидат физички поврзани, што на една слободна зона, како на претпријатие, и овозможува да работи со компании вон своето седиште. Заради тоа за соработка со крагуевачкото претпријатие Слободна зона “Шумадија” се заинтересирани и страни фирми од други градови, како што е италијанската компанија “Вибак” која работи во Јагодина.

Превземено од: ПОЛИТИКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here