дома Свет Кина ги осуди американските санкции спрема кинеските официјални лица

Кина ги осуди американските санкции спрема кинеските официјални лица

257
0
АКЦИЈА

Кина ги осуди американските санкции спрема кинеските официјални лица. Канцеларијата за работи во Хонгконг и во Макао при државниот совет на Кина во вторникот изрази силна огорченост и осуда заради американските санкции против кинеските официјални лица задолжени за работи во Хонгконг. Во соопштението на таа канцеларија се наведува дека постапките на САД се сметаат за политичко насилство и дека ги кршат основните норми на меѓународното право и на меѓународните односи. САД воведоа санкции против 14 кинески официјални лица заради нивната улога во ” дисквалификација на избраните членови на опозицијата во Хонгконг”. Мерките вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување.

Подготвил: Луо Чи

Превземено од (CRI)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here