Кина покрена уште еден јавен тест на дигитална валута. Кина во саботата најави дека ќе го спроведе вториот јавен тест на својата дигитална валута во облик на “црвени коверти” како потрошувачки купони.
Аналитичарите наведоа дека во споредба со првото јавно испитување, новата рунда вклучува поширок обим на потрошувачи и сценарија на примена. Владата на градот Суџоу во провинцијата Џијангсу во источниот дел на Кина, ќе им издаде на локалните жители 100.000 дигитални црвени пакетчиња во вредност од 20 милиони јуани (3,06 милиони американски долари), од кои секој содржи 200 јуани.
Кина во текот на средината на октомври јавно ја тестираше дигиталната валута во градот Шенџен во провинцијата Гуангдунг во јужна Кина. Локалната влада и кинеската централна банка заедно поклонија 50.000 дигитални црвени пакетчиња од кои секој содржи по 200 јуани. Тоа беше прв пат тест на дигитална валута да излезе во јавност по низа интерни тестови.
Во новиот тест на дигиталната валута во Суџоуу е додадено онлајн плаќање покрај офлајн апликацијата. Црвените пакети можат да се користат и на сајтот JD.com. Жителите на Суџоуа со адреса накај урбаниот дел на градот можат сами да одберат роба од JD.com и да ја платат испораката користејќи ја дигиталната валута, без да ги напуштат своите домови.
Подготвил: Луо Чи
Превземено од (CRI)