Кери Лем: Хонгконг сака да ја прошири соработката на полето на технолошките иновации со Чиенхаји. Извршната директорка на Специјално административниотрегион на Хонгконг, Кери Лем, одржа видео говор на годишниот состанок на советодавниот одбор за соработка со зоната на модерната услужна индустрија Чиенхаји Шенжен-Хонгконг индустри. “Хонгконг настојува да ја прошири соработката со шенженскиот Чиенхаји во технологиите и иновациите”, изјави Лем во неделата “тоа е дел од напорите на владата HKSAR подобро да се интегрира во планот на развојот на Големиот залив”. Во претходните година дена властите на Шенжен и Чиенхаји превземаа некои поволни мерки за претпријатијата и жителите на Хонгконг, а Лем ги пофали тие напори. Од Октомври, бројот на компаниите кои ги финансира Хонгконг во Чиенхаји ја премина бројката од 11.000, а преку 200 хонгконгшки иновациони тимови основани се во рамките на програмата за иновации и претприемаштво за млади, заклучи Лем. Оваа година се обележуваат 40 години од воспоставувањето на Специјалната економска зона Шенжен, како и 10. годишнината на пилот зоната за соработка на Ченхаји Шенжен-Хонгконг, примети таа.
Спремил: Радосав Бербатовиќ
Превземено од (CRI)