Во главниот град на најјужната кинеска провинција Хаинан, Сања, синоќа е отворен Третиот хаинански меѓународен филмски фестивал (HIIFF).
„Фестивалот има специјално значење за филмските работници и гледачи ширум светот,“ рече Шен Хаисијунг, претседателот на Кинеската медиска група (CMG) на церемонијата на отварањето.
„Тоа не е само доказ за брзото заздравување на кинеската филмска индустрија, туку и покажува надеж дека луѓето конечно ќе ја совладаат пандемијата “, рече Шен.
4K документарниот филм на KMG за борбата на кинескиот народ против пандемијата ќе биде за прв пат прикажан во текот на фестивалот. Шен изрази надеж дека овој документарен филм ќе им донесе доверба на луѓето кои се сеуште под влијание на епидемијата
фестивалот прими 4.376 дела од 114 земји и региони. Ќе бидат прикажани вкупно 189 кинески и странски филмови во 15 кина во четири кинески градови.
Подготвила: Џи Сју
Превземено од: (CRI)