дома Балкан Потпретседателот на Црногорската Влада Абазовиќ, изјави за Кинеската медиска група: Следната година...

Потпретседателот на Црногорската Влада Абазовиќ, изјави за Кинеската медиска група: Следната година ќе биде многу тешка за економијата на Црна Гора.

244
0
АКЦИЈА

Очекува дека и Црна Гора со помош на меѓународните финансиски институции, ќе успее да ја сочува финансиската стабилност.

Дритан Абазовиќ

Следната година ќе биде многу тешка за економијата на Црна Гора затоа што е многу неизвесно што ќе биде со туристичката сезона, а и големи се последиците кои оваа година пандемијата ги остави на стопанството, изјави потпретседателот на новата влада на Црна Гора Дритан Абазовиќ за Кинеската мадиска група (ЦМГ).

Абазовиќ рече дека очекува од наскоро да почне вакцинацијата на луѓето во светот, па така се надева дека патувањата ќе бидат возможни, а добивките од туризмот во наредната година подобри.

Очекува дека Црна Гора, со помош на меѓународните финансиски институции, ќе успее да ја сочува финансиската стабилност.

Потпретсњедателот на Владата на Црна Гора рече дека во соработка во оквирот наиницијативата “17 плус један” се прифатливи сите механизми кои придонесуваат на мобилноста на стопанството, па така и можноста повеќе фактори да се вклучат во зголемување на бруто домашниот производ на Црна Гора, пренесува Бета.

“Не можам да кажам конкретно на кои проекти треба да се соработува, но секако внимание заслужува се што е во функција на подобрување на мобилноста на работната сила, на големите инфрастуктурни проекти кои се значајни во регионалниот контекст или во државен контекст”, рече тој.

Абазовиќ истакна дека Црна Гора треба да има најдобри односи со сите, а посебно со големите сили, каква што е Кина.

“Новата влада на Црна Гора треба да биде посветена на таа соработка. Значи мораме да најдеме модели кои ќе ги задоволат интересите на двете држави. Се надевам дека Кина, како многу моќна држава, која го зголемува своето влијаније насекаде во светот, ќе биде заинтересирана за унапредување на соработката со Црна Гора”, рече Абазовиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here