дома Албанија Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван кај Драч

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван кај Драч

74
0
АКЦИЈА

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска во 8:19 часот во близина на албанскиот пристаништен град Драч.

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала почувствуван е денеска во 8:19 часот во близина на албанскиот пристаништен град Драч.

Пристаништето Драч

-Епицентарот е на 22 километри североисточно од Драч, во Јадранско Море на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за предизвикани штети, јави Топ чанел.

Потресот е почувствуван и во Туман и други околни подрачја, кои беа погодени во катастрофалниот земјотрес што се случи лани на 26 ноември.

Тогашниот земјотрес беше со јачина од 6,4 степени, животот го загубија 51 лице, повредени беа над илјада а причинетата материјална штета беше проценета на над 1,2 милијарди евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here