дома Балкан Милетиќ до Македонскиот- Колумбо Богдановиќ

Милетиќ до Македонскиот- Колумбо Богдановиќ

3390
0
АКЦИЈА

Саша Богдановиќ, македонскиот Кристофер Колумбо

Тоа што Саша Богдановиќ сега забележува дека во некои цркви и манастири во Македонија се избришани српските ктитори, не е ништо ново. Пред 23 години, ние  вистинските Срби пишувавме и укажувавме во многу дебатни емисии и печатени медиуми за овој проблем (го молам Богдановиќ да ми се обрати за да му ја посочам/доставам споменатата архива). Нашиот Колумбо, верувале или не, го афирмира нашето укажување/откритие токму сега и токму тука. Но дали Колумбо со ангелски ореол навистина е чесниот србин над србите? Обидувајќи се да ги пакетира Муртинските итроштини во налогот на Македонската Влада, се обидува да го вовлече Белград во расправа со Скопје, сакајќи да го протурка на мала врата договорот со Бугарија!

Драг Колумбо, за ваков обид и чекор си се’ уште зелен. Искрено ти сугерирам да се држиш до противзаконското издавање на градежни дозволи во Општина Центар, а кои патем ќе дојдат многу брзо на дневен ред во обвинителството! Беше водич на навивачката група на Работнички, можеби имаш желба да си Аркан, а воедно многу добро знаеш кому тие му даваат отчет. Суптилно и отворено те предупредувам, укажувајќи ти дека мојата аргументација е обемна.

Колумбо! Немој, немаш капацитет, не прави циркуз!!!

Драгиша Милетиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here