дома Балкан 12 српски компании на големиот-China International Import Expo. Вучиќ се заблагодари на...

12 српски компании на големиот-China International Import Expo. Вучиќ се заблагодари на кинеските инвестиции во Србија кои се едни од најголемите

390
0
АКЦИЈА

Србија е поносна на пријателството со Кина, рече претседателот Вучиќ на онлајн отварањето на меѓународниот увозен саем во Кина – „China International Import Expo“ (CIIE) и му изрази благодарностна претседатело Си Џипинг на помошта за Србија во најтешките моменти

Поносни сме на фактот дека сме најдобри пријатели на НР Кина во Европа, но и среќни заради фактот дека во Кина имаме голем и искрен пријател рече претседателот и додаде дека СРбија не е голема земја, ни по бројот на луѓето ни територијално но е голема по своето срце и по своето пријателство со НР Кина.

Вучиќ истакна дека е среќен што Србија трета година по ред изложува на шангајскиот EXPO и учествува во промоцијата на најдоброто од светската економија, како и затоа што во гидината на пандемијатаСрбија и Кина бележат 30 одсто зголемување на својата трговинска размена.

China International Import Expoсе одржува од 10 ноември во Шангај

Вучиќ наведе дека идејата на „Појасот и патот“, која во свтот ја рашири кинаскиот претседател Си Џипинг, е идеја на која Србија и пристапува со сето срце и искрено и верува

„Идеја на спојување народи. Како што веќе претседатело Си рече, дека кинеската цивилизација секогаш се заложувала за мир и складност меѓу народите, така и Србија мисли дека мирот и стабилноста, се договор меѓу луѓето и народите, она што треба да го гради српската задница во иднина“, порача Вучиќ.

Александар Вучиќ во своето обраќање на China International Import Expo

Вучиќ понатаму рече „ Благодарен сум му на претседателот на инзворедната работа на неговите компании за развојот на инфраструктурата во Србија, од железничката пруга кон Будипешта, до бројни авто-пати и регионални патишта. Многу од тоа можеме и мораме да направиме заедно“, порача Вучиќ.

Тој посебно нагласи дека е благодарен и на огромната подршка во екот на пандемијата Ковид-19, „Кога помошта беше мала од сите страни, тука беа нашите кинески пријатели и ние тоа никогаш нема да го заборавиме“.Изрази жалење што претсавниците на Србија не можат да учествуваат на отварањето на EXPO, но изрази уверување дека во годините кои следат ќе се продлабочува соработката и искреното пријателство меѓу двете земји.

На меѓународниот увозен саем во Кина „China International Import Expo“ (CIIE), кој од 10 ноември се одржува во Шангај се претсавуваат 12 компании од Србија, соопшти стопанската комора на Србија.

Саемот традиционално го отвори претседателот на НР Кина Си Џипинг, а претседателот на СРбија и претседателите на другите земји по пат на видео-линк се обратија пред присутните и мрежниот аудиториум.

Во халата за прехрамбени производи, српските компании своите производи ги представија на штанд од 200 квадратни метри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here