дома Балкан Мицотакис: Се воведува полициски час во Солун и Атина

Мицотакис: Се воведува полициски час во Солун и Атина

275
0
АКЦИЈА

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави воведување полицискиот час од 00:30 до 05:00 часот наутро во регионите најсилно погодени од новиот коронавирус како и носење маски на отворено.

Грчкиот премиер Мицотакис загрижено најави полициски час во Атина и Солун

Во телевизиско обраќање Мицотакис рече дека тоа се Атина, Солун, Јанина, Закинтос и други жаришта, области каде нивото на ризик е означено со три (зголемен мониторинг) и четири (висок ризик).

Освен забраната за движење во текот на ноќта, новите мерки предвидуваат и носење на маски и во затворен и на отворен простор. Тоа ќе биде задолжително и во рестораните, освен за оние кои седат.

Целта на оваа мерка, која тој ја нарече „лек пред вакцина“ е наменета да се намалат собирите. Од неа се изземени оние кои работат ноќна смена и итните ситуации.

„Целта е да се ограничат движењето и собирите во ноќните часови. Младите имаат одговорност да помогнат да се запре ширењето и сега не е време за тајни забави“, изјави Мицотакис.

Новите мерки стапуваат на сила в сабота.

Грчките здравствени власти вчера регистрираа 882 нови случаи на заразени и 15 смртни случаи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here