Во Лион е евакуирана железничката станица по дојава за поставена бомба. Исламскиот радикален тероризам не познава граници ниту држави. Тоа е светска закана по мирот и безбедноста од која во последниов период најпогодена е Франција.
По свирепото убиство на младиот професор Самуел Пати заради покажување на карикатура со ликот на пророкот Мухамед, денеска повторно се случува хаотична ситуација на јавно место во Франција, поточно во градот Лион каде што има дојава за поставена бомба на самата железничка станица. Едно лице е приведено, додека полицијата го расветлува случајот, а железничката станица е евакуирана.