дома Балкан Денеска е тажното сеќавање на “Големиот школски час”

Денеска е тажното сеќавање на “Големиот школски час”

200
0
АКЦИЈА
Објавата на пратеникот Иван Стоилковиќ
Објавата на Српската напредна странка во Македонија

Српските партии во Македонија денеска посебно се огласија во име на тажното сеќавање на 21 Октомври денот кога повеќе од 2.000 луѓе се убиени во втората светска војна меѓу кои и деца.

Споменикот во комплексот Шумарице во Крагујевац е вечен спомен и сеќавање на крвавиот настан, опеан и од српската поетеса и писател Десанка Максимовиќ под наслов “Крвава бајка”.

“Големиот школси час” беше кобен за многумина во втората светска војна меѓу кои и ученици-деца.

Сите релевантни фактори и политички чинители во Србија исто така на денешниот ден оддадоа почит на овој немил настан од втората светска војна, со пораки никогаш повеќе да не се повтори.

Многумина сметаат дека иако треба да гледаме нанапред во иднината, оти не смееме да ги потцениме ни заборавиме жртвите од најнесаканото, а тоа е војната. Војните по правило носат многу жртви. Разумните луѓе на денешната цивилизација поучени од не така далечното минато се борат со сите сили против војните, војните за повеќето свесни луѓе се крвави и непосакувани за што сведочи и “Големиот школски час”. Овој настан од втората светска војна може само да не поучи колку се страшни војните и колку треба да се залагаме за мир и разбирање но незаборавајќи на минатото.

Само мирот и разбирањето можат да донесат поспокојна иднина за сите. Додека некои историски факти се со повеќе лица во зависност од времето во кое се толкувани, овој настан е гола вистина која е длабоко вкоренета во свеста на Српскиот и балканските народи воопшто.

Пораката која ја испраќаат сите свесни луѓе е никогаш повеќе, тоа беше и една од главните пораки денеска во Србија и кај српските политички партии во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here