дома Балкан Кривокапиќ составува влада. Црна Гора може да биде Луксембург.

Кривокапиќ составува влада. Црна Гора може да биде Луксембург.

27
0
АКЦИЈА

Професорот Др. Здравко Кривокапиќ и воедно Мандатарот за составот на новата влада на Црна Гора во прес салата на Скупштината на Црна Гора

 Обврската на новата власт е Црна Гора да личи на Луксембург, каде што ќе постои нулта толеранција на корупција, порача лидерот на коалицијата “За иднина на Црна Гора” професорот Здравко Кривокапиќ кој тргна со составувањето на новата влада.

“Првиот принцип на нашето делување ќе биде да ја уредиме државата- нема да се светиме и не е битен било чив интерес освен интересот на граѓаните, кажа Кривокапиќ ссиноќа во обраќањето пред новинарите во скупштината на Црна Гора.

Тој нагласи дека на изборите 30. август во Црна Гора за прв пат се деси демократска промена на власта, па со обзир на тоа не сака никој “да биде поразен.”

“Целта на новата влада се правосудните реформи за ефикасна борба против корупцијата”, рече Кривокапиќ.

Пратениците на новото парламентарно мнозинство, 41 од нив, во средата го подржаа со свои потписи носителот на нс листата За иднината на Црна гора – За будућност Црне Горе, Ѕдравко Кривокапиќ за мандатар на идната нова влада.

Пратениците на коалициите “За иднината на Црна Гора”, “Мирот е нашаа нација”и “Црно на Бело” упатија денеска барање со кое од Претседателот на Црна Гора се бара да го предложи Здравко Кривокапиќ за мандатар за составот на новата влада.

Ѓукановиќ ќе го предложи мандатарот за состав на владата до 23. октомври, односно во рок од триесет-30- денаод денот на конституирање на Скупштината, и кажаа на агенцијата МИНА – MINA од кабинетот на претседателот.

Мандатарот ја соопштува во Скупштината својата програма и предлага состав на владата.

За програмата на мандатарот и предлогот за состав на владата, Скупштината одлучува истовремено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here