дома Балкан Дачиќ: Одлуката на Грција за затворање на границата за Србите е повеќе...

Дачиќ: Одлуката на Грција за затворање на границата за Србите е повеќе нивна штета

327
0
АКЦИЈА
Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека се надева дека Грција ќе ја смени одлуката за затворање на границата за туристите од Србија во некое понатамошно разгледување.

„Одлуката е непријатна и лоша“, рече Дачиќ, додавајќи дека некои други земји имаат отворени граници за граѓаните на Србија, како Унгарија и некои други земји од Европската унија.

Според него, одлуката на Грција е повеќе на нивна штета отколку на штета на Србија.

Тој апелираше до граѓаните да бидат добро информирани пред патувањето и да се јават во министерството каде ќе ги добијат сите информации, наведувајќи дека решенијата за затворање на границите во услови на епидемија на коронавирусот се донесуваат ненадејно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here