дома Балкан Милетиќ: Македонија, appendix или слепо црево на Пендаровски и на СДСМ

Милетиќ: Македонија, appendix или слепо црево на Пендаровски и на СДСМ

374
0
АКЦИЈА

Претседателе, Вашата неумесна изјава во врска со Република Србија и таканаречената држава Косово е навистина жална. Зошто ви е потребно да се излетувате вака? Запомнете што ви кажа Министерот за одбрана на Република Србија, Г-дин Александар Вулин дека никој не ви дава право да се мешате во внатрешната политика на Србија. Или ве притискаат од вашата партија? Припомнете си дека за вас гласаа и срби во Македонија или тоа веќе не ве интересира откако стигнавте до позицијата Претседател на Македонија?

Анализирајќи ги Вашите обиди да ги решите прашањата на Република Србија, кои патем се смешни, помислувам дека намерно се подбивате и шегувате со сите во оваа држава или пак навистина сте експерт кој ќе го изучуваат во политичките школи не само на Балканот, туку и во Европа, но како многу лош пример.

Чудно е што Вие и целата гарнитура на СДСМ откако дојдовте на Власт, направивте сè спротивно од Вашите ветувања. Ве уверувам дека на следниве избори ќе бидете вчудоневиден од отпорот на српските средини во Македонија кон СДСМ, бидејќи ние ги помниме ветувањата и неисполнувањата. Искрено би ве посоветовал да не го губите последниот искрен пријател во регионов, и да поведете сметка да ја сочувате оваа држава како што треба да биде.

Фокусирајте се кон обидите да се промени Македонската химна, Македонското знаме и најавената кантонизација на Македонија, бидејќи сите овие работи нема да донесат ништо добро. Соберете храброст Претседателе и спречете ги овие работи кои ве уверувам дека ќе направат хаос во Македонија, бидејќи со редефинирањето на Македонија нема да може да се изнајде начин за финансиски опстанок, а народот ќе трпи за леб.

Искрено и добронамерно Ве советувам да направите напор да се дистанцирате од политиките на СДСМ и да го сочувате македонскиот јазик кој остана единствен идентитетски белег без кој нема да постои ништо македонско во новоформираната држава Северна Македонија.

Совет за крај, не се впуштате во авантури, размислете неколку пати пред да кажете нешто. Јасно, храбро и мудро научете што е добро, кој ви е близок, кој не ви мисли добро и кои се ставовите кои треба да ги застапувате.

Среќно Претседателе!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here