ОСНОВАЧИ НА ОВАА НЕВЛАДИНА СЕ СТРАНЦИ, А НЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ
Поткупот на гласачи од СДСМ и Заеви преку ФАНТОМСКА невладина организација е фатен на дело!
Не е веќе спорно дека СДМ и фамилијата Заеви ја користат епидемијата за предизборен поткуп. Најавуваат брзи избори во јуни, сакаат изборна кампања преку Фејсбук а не онака како што законот налага и дозволува и за тоа време делат пакети со прехрамбени продукти на свои членови и социјално загрозени категории на Роми во источна Македонија.
Што е спорно, и законски казниво, во поткупот што го прави СДСМ освен очигледното кршење на изборниот закон според кој поткуп на гласачи е кривично дело за кое се одговара со затвор.
– Продуктите кои се делат немаат потекло, односно нема сметка кој ги купил и кој всушност донира. Овој вид на поткуп во Струмица и низ цела источна и централна Македонија Заев и СДСМ го вршат повеќе од десет години наназад, тоа секој го знае и постојано се гледа. Тоа што божем формално фамилијата на Зоран Заев е донатор не е точно, не постојат сметки со кои може да се докаже дека донатор се Заеви, а не партијата СДСМ и рекетирани фирми.
– Откако се собрани продукти од рекетирани фирми со злоупотреба на позиција на власт од СДСМ и Заев, тие се делат. Кој ги дели? Во легални и поштени прилики тоа го прави Црвениот крст или друга легална институција, така се обезбедува помош да добие оној на кој таа му треба, а не селективно, за партиски членови и поткупени гласачи. Во овој криминален случај делењето на пакетите го врши фантомска невладина организација Сите заедно можеме од Струмица (Тоа е и партиски слоган за избори), под координација на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
– Делењето пакети за предизборен поткуп, според пост на Фејскуб од Костадин Костадинов, почнало на 4 и 5 април. Невладината организација на која се повикува СДСМ е основана подоцна, на 6 април и никако не е можно тие да делеле предизборни пакети за гласачите туку тоа директно го правеле од СДСМ. На сметката на фантомската невладина организација од Стрмица нема уплати и промет кој би се однесувал на набавка и делење на предизборните пакети за поткуп. Со тоа се става точка на дилемата кој дели предизборни пакети, за која цел и со кои намери.
Обвинителство, какво и да е, и покрај тоа што нескриено работи за потреби на СДСМ и Зоран Заев во вака очигледен случај мора да постапи и отвори истрага. Полицијата на терен ја заврши својата работа, фати активисти на СДСМ, односно на невладината организација од Стрмица, кои делат пакети во полициски час, консататира дека се на лице место затекнати продукти во пакетите за кои нема доказ за потекло и сега Обвинителството не може веќе да се крие и премолчува што се случува.
Но, ова е проблем од посериозен и подлабок карактер со кој ќе мора да се занимаваат и дипломатите. Неколку западни амбасади и ОБСЕ земаа на себе обврска да бидат монитори на изборните процеси во Македонија. Сега сме пред избори, и ваков очигледен случај на предизбоирен поткуп не можат ни тие да премолчат, а да очекуваат дека јавноста ќе има доверба во нивните дипломатски и демократски намери. Ова е тест и за дипломатите: дали тие поддржуваат демократија и правна држава во Македонија, или по секоја цена и во секој случај поддржуваат една партија, СДСМ, па дури и кога по којзнае кој пат претседателот на таа партија Зоран Заев, и партијата во целост, се фатени во криминални дејствија и, повторно, со криминална злоупотреба на невладини организации како што тое беше и со невладината организација на Боки 13.
Можеби некои од нас, и од дипломатите, го подзабораваат скандалот Рекет, но, затоа што случајот Рекет не се расчисти до крај имаме рецидви, повторувања на рекетирање и криминал бидејќи Заев и СДСМ сметаат дека се им е дозволено, никој ништо не им може, а како влог за дипломатска поддршка за наредните избори сега се нуди бришење на македонскиот јазик за што веќе почнаа подготовки преку изјави на Денко Малески, Владо Бучковски и некои поранашени амбасадори на СДСМ. Еднаш веќе добија власт, без победа на избори, со продажба на уставното име и двојазичноста, тоа е моделот кој се обидуваат да го продадат по втор пат, и сега.
Ако подобро погледнете на фотографијата од основачките податоци на неваладината организација од Струмица ќе видите дека таму не се наведени лица за контакт и основачите! Тоа е тајна за јавноста и законот. Во вакви случаи на скриени податоци за основачите обично основачите се странски лица и организации и, се поставува прашањето, кој од странство финансира активности на СДСМ и со која цел. Денко Малески и Бучковски веќе го дадоа одговорот.
Превземено од:
http://www.dokazmakedonija.mk/nevladinata-organizatsija-na-zaevi-e-formirana-i-pod-kontrola-na-strantsi-se-perat-pari-preku-nea/