Владата на СДСМ долго време ја убедува македонската јавност дека по договорот за добрососедство со Бугарија решија голем проблем. Зоран Заев се фалеше како со Бојко Борисов направиле одличен договор од кој Македонија има само “корист“.
Но, на секоја лага нозете се куси, па така и на оваа. Македонија наместо чин на добрососедство доби шамар од Бугарија. Но, посилен удар од овој шамар е дрскиот обид на челниците на македонската Влада да сокријат дека Македонија е жртва на уцени!
Според барањата на Бугарија, Македонија ќе мора да заборави на „македонско малцинство“, а ќе треба да се откаже и од македонскиот јазик. За службениот јаз и на „македoнски јазик“ и да користи само „службен јазик на РСМ“.
Без овие нивни услови, нашата земја може да се збогува со датумот и со преговорите во ЕУ. Заев убедуваше дека ова е завршена работа, но очигледно не е така.
Обидот да сокријат што навистина се случува го отвора просторот за сомнеж дека Заев, Димитров и другите околу нив, прифатиле многу повеќе од срамната промена на уставното име на нашата земја.
Заев и Димитров го кријат од јавноста понижувачкиот документ со кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори на Македонија, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој документот го стави на очиглед на македонската јавност.
-Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинствата во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македoнскиот јазик и да користи само т.н. „службен јазик на Република Македонија“, исто така ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања ако Македонија сака да продолжи со преговорите со ЕУ, помеѓу другото се вели во документот кој стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и без кој нема датум за преговори за Македонија. Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, истакна тој.
Оценува дека ако го прифати ова македонската влада по сменетото име, ќе треба да се откаже од македонско малцинство, од македонскиот јазик, а и од голем дел од македонската историја.
– Во заклучоците на Советот на Европската Унија јасно стои дека изјавата на Бугарската делегација е составен дел од одлуката, а истата исто така ја приложувам содржината на овој понижувачки документ. Со ова Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од се што е македонско, порача тој.
Граѓаните, оправдано, се изреволтирани. Тие преку социјалните мрежи испраќаат пораки дека оваа власт тргува со македонскиот идентитет како што тргуваше со нашето уставно име.
За челниците на власта граѓаните велат дека се предавници за кои ништо не е свето.
На граѓаните им е сосема јасно дека кога се зборува за ЕУ, владата на СДСМ со години шири невистини. Народот им порачува на Заев, Спасовски, Димитров… да престанат да ја продаваат државата бидејќи тврдењето дека сме блиску до ЕУ е само фарса.