дома Вселена Чулев: Инцидентот во Сингелиќ има политичка заднина, но МВР ќе постапува неселективно

Чулев: Инцидентот во Сингелиќ има политичка заднина, но МВР ќе постапува неселективно

372
0
АКЦИЈА

Лиферување лажни информации дека тројца граѓани биле приведени од своите домови и физички малтретирани во полиција го предизвикало синоќешниот инцидент во Ченто, рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција и оцени дека станува збор за инцидент со елементи на политичка заднина.

Граѓаните водени од политичка мисла свесно се изложија на опасност себе и своите сограѓани, што може сите нас скапо да не чини, рече Чулев и додаде дека едно лице од тројцата приведени е член на Советот на Гази Баба од СДСМ. Тој самиот се претставил пред полицајците.

„Каури, сфе ви смета“: Кој е главниот во инцидентите во Сингелиќ сликан со половина министри на СДСМ

Според министерот на социјалните мрежи во 21 часот се појавиле фотографии за групирање на граѓани, по што била извршена контрола во тој реон. Кога пристигнале полициските службеници забележале група од 8 лица кои почнале да бегаат, а тројца останале, по што биле лишени од слобода и спроведени во полициската станица во Гази Баба.

Жители на село Синѓелиќ протестираат против полицискиот час, пристигна и градоначалникот на Гази Баба

Едно од лицата притоа се преставил како член на Советот на општина Гази Баба од СДСМ за да изврши притисок да не биде лишен од слобода, но според Чулев поднесени се кривични пријави за сите тројца за сторено кривично дело според членот 206 од Кривичниот законик.

Околу 22 часот бевме информирани дека на местото каде што биле лишени од слобода тројцата граѓани се собрала поголема група луѓе како реакција на лажна информација дека приведените биле физички малтретирани и лишени од слобода. Потенцирам дека двете информации не се точни, а тоа го потврдија и тие самите, порача Чулев.

Откако завршил информативниот разговор со приведените тие биле пуштени дома, а во своите искази потврдиле дека биле приведени на улица и оти врз нив немало примена на насилство.

Политичката позадина не го оправдува ова поведение и зборува за тендензиозно загрозување на граѓаните предизвикано од политички побуди, изјави Чулев.

МВР објави кои се приведените од Сингелиќ, министерот Чулев најави прес

За видеозаписите, на кои се гледа дека градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски ветува дека тој ќе ги ослободи приведените, министерот е категоричен:

Потенцирам дека МВР постапува неселективно кон сите граѓани. Пријавите се поднесени до ОЈО, а лицата кои беа приведени уште синоќа беа ослободени. МВР обезбеди видео запис од сите лица кои не го почитувале законот, а дел од тие лица се веќе идентификувани од наша страна, рече Чулев.

Оние што го прекршиле полицискиот час ќе добијат кривична пријава според членот 206.

Превземено одhttp://avaz.mk/?p=9932&fbclid=IwAR3e4MXj4K-g6LhVbruDvyKahGoPW9u3WJSmmmQMKpjFCuUsR5_QXpeps5A

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here