дома Вселена Советникот Петар Милетиќ во Општина Центар и член на главнот одбoр во...

Советникот Петар Милетиќ во Општина Центар и член на главнот одбoр во Српска Напредна Странка во Македонија распали по СДСМ. СДСМ- SUPERHEROES

930
0
АКЦИЈА

СДСМ- SUPERHEROES

Верувале или не, во време на пандемија, СДСМ ги именува своите членови со имиња на стрип јунаци. Филипче (СУПЕРМЕН-ФИЛИПЧЕ-МЕН) јунакот на DC Comics, кој наутро со својата прва прес конференција е толку оптимистичен што за момент ќе помислите дека епидемијата завршила. Но, на попладневната прес конференција, помислувате дека излегол ЏОКЕР од Готам. Останатите супер херои во СДСМ, сė уште јавно не се соопштуваат, најверојатно поради тоа што не можат да се договорат и покрај жестоката дебата која се водела за да се донесе одлука кој супер херој кому припаѓа. Мој конструктивен совет е да се посоветуваат со пранкерите или со странците и да не губат време во кризни периоди со вакви теми, а и да не заборават дека во нивните потесни кругови, веќе имаат имиња од јунаците на Walt Disney. Добро бе супер јунаци, во ваква ситуација водите грозоморна кампања и правите стикери? Кога треба да се покаже државнички став и да се донесат можеби најважните одлуки од осамостојувањето на Македонија, вие правите стикери, а? Народот во Македонија е во опасност од ширењето на корона вирусот, кој може да нанесе несогледливи последици за егзистенцијата на граѓаните, а вие, супер јунаци, преземате козметички мерки и не ги прифаќате советите од опозицијата, така? А зошто? За да испаднете супермени? Па макар на штета на граѓаните и Државата, така? Што беше таа самобендисаност – НИЕ знаеме СЕ’!

Шокиран сум од односот на супер функционерите од СДСМ, замислете, делат хуманитарна помош, а всушност делејќи, спроведуваат изборна кампања, агитираат, убедуваат, кршејќи ги насоките на Светската здравствена организација. Без око да им трепне, се фотографираат во групи од по 50-тина луѓе на кои им донирале храна, а пред тоа ги донеле на просјачки стап. Стрип јунаците навистина имаат супер моќи, ама овие супер јунаци од СДСМ немаат моќ да разберат дека навистина не е време за кампања, која патем и нема да ефектуира со резултати, бидејќи едноставно ќе ги изгубат изборите. А во контекст на донациите, да прашам: од каде функционерите и нивните блиски луѓе од СДСМ извадија толку финансиски средства за донации? Чудно е и запрепастувачки колку од нив биле хуманитарци!!! Ако имале вишок пари и се толкави хуманитарци, зошто тоа не го сториле и пред 2016 година? Зошто нивната хуманитарна намера не ја покажаа и тогаш, зошто не донираа за социално загрозените семејства или не платија некоја операција или лекување за оние кои имале таква потреба???

Mене лично ситуацијава ми наликува на конзумирање доза-две канабис масло, се разбира за медицинска употреба и од домашно потекло осум пати на ден. Како да не помисли секој граѓанин на Македонија дека овие луѓе не се навистина загрижени за состојбата, туку се грижат само за себе промоција, без соодветна аргументација се фалат  дека направиле нешто, т.е. на секаков начин ја манипулираат и дефокусираат јавноста. Знае ли барем еден од сите супер херои во СДСМ да излезе и да одговори на едно-единствено прашање: како ќе излеземе од економската криза која ќе ги погоди сите граѓани на Македонија без разлика на етничка и верска припадност? И на неколку потпрашање: какви последици ќе предизвика оваа криза? Што ќе биде со пензискиот фонд и пензионерите? Колку работни места ќе се затворат? Што ќе се случи со образовниот и социјалниот систем? Имаат ли барем шест месечен план? И за крај: има ли пилот во авионот кој е без ниту еден мотор?

Зошто не ги прифатите мерките и советите од опозицијата? По поразот на следните парламентарни избори, сакате да ни ја оставите Државата на колена? Нема да и наштетите на опозицијата туку на државата и на овој веќе напатен народ.

Јасно ви е дека опозицијата има подготвено мерки за излез од кризата и знаете дека таа ќе се справи и со оваа ситуација. И знаете зошто е тоа така, доагаат да ја водат државата одговорни, совесни, чесни и стручни луѓе.

Инаку, дупката во буџетот ќе биде 2.2 милијарди евра, така? 2.2 милијарди евра дефицит во НАЈСИЛНАТА економска сила во регионот и пошироко? Не е страшно, велат супер хероите, за сė има излез. Нема никаква пречка нашите супер херои да се справат и со оваа безизлезна економска состојба во време на пандемија. Нема ништо да не зачуди и изненади – навикнати сме да ве слушаме дека црното е всушност розово.

Верувајте ми супер херои, народот во Македонија памети и проценува, мудро молчи и го чека денот кога зад параванот ќе може да ви ги објасни сите ваши „херојства“. А ние во опозиција, ќе се обидеме да ги следиме позитивните светски примери како на пример словенскиот, според кој сите самовработени добиваат помош од 700 евра, државата им ги плаќа придонесите, помош од државата во висина од 150 евра добиваат редовните студенти, додаток на плата во висина од 100 евра добиваат семејствата со три деца, а оние кои имаат повеќе, 200 евра, пензионерите со најниски пензии до 500 евра добиваат 300 евра помош, тие до 600 – 230 евра, а на оние со пензии над 700 евра – 130 евра помош итн.

За крај, Ви посакувам добро здравје, внимателно и колегијално храбрете се,  делете си стрип имиња и уживајте во розовото македонско секојдневие.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here