Балканскиот славуј и Македонскиот пејач Тоше Проески кој трагично загина во сообраќајна несреќа во во 2007.г ќе добие своја улица во Србија, поточно во селото Јабука близу Панчево.
Селото Јабука е познато по тоа што во него живее претежно македонско население, предлогот е веќе упатен до граљдското собрание на Панчево.
Со овој потег жителите на Јабука сакаат да му оддадат почит на нивниот сонародник кој претсавува многу од музиката на Балканот а доаѓа од нашата земја.
Ова ќе биде прва улица во Србија која ќе го носи името на пејачот од Крушево чии песни и денес се емитуваат на радио и ТВ станиците ширум низ Србија.