дома Вселена Лончар: Вучиќ беше во животно загрозен – лично да им се заблагодарам...

Лончар: Вучиќ беше во животно загрозен – лично да им се заблагодарам на медицинските тимови на ВМА, затоа што сега е добро

352
0
АКЦИЈА
Министерот за здравство на Р. Србија Златибор Лончар

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите од ВМА, пренесе Н1

Лончар за Танјуг изјави дека по приемот на ВМА, е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен.

„Ја користам оваа прилика лично да им се заблагодарам на медицинските тимови на ВМА, кои уште еднаш ја покажаа својата стручност и професионализам“, рече Лончар, додавајќи дека врвни лекари и медицински сестри ја потврдиле силата на една држава.

фото: Mondo

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here