ВМРО-ДМПНЕ сѐ уште не одлучила кои ќе бидат предлозите за министри во техничката Влада која ќе следува.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за Аласат изјави дека предлозите за технички министри и заменици-министри ќе ќе бидат познати во втората половина од месец декември.
– „Дискутиравме само за процесот којшто следува. Не сме дискутирале сѐ уште за имиња. Во моментов во партијата трае процедура на испитување на јавното мислење за имиња во одделни општини за кандидати за пратеници. Во моментов сме во таа фаза. Инаку, втората половина од декември месец ќе има јавноста информации за тоа кои ќе бидат имињата коишто од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за технички министри, заменици-министри итн“, рече Мицкоски.