Гана вчера постана 16 држава која го повлече признанието на Косово, а до крајот на годината би можело да бидат 20 држави. Тоа го кажува шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ и додава дека сега има помалку од 100 членки на УН кои Српската јужна покраина (како што ја нарекуваат во многу земји ширум светот) ја сметаат како независна држава.
Оваа западноафричка земја е 16 по ред која го повлече признавањето, но истовремено е држава која има најголем прој на жители од сите оние земји за кои Косово веќе не е независно-29 милиони жители. Нотата за повлекувањето Гана ја донесе на 7. ноември, утредента беше проследена до Косово.
– Но Приштиа за тоа не ја обавести јавноста. Гана својата одлука ја образложи со тоа дека одлуката за признавањето на Косово, која ја донела претходната влада, била погрешна, преуранета и дека претсавувала кршење на Хелсиншкиот договор и резолуцијата 1244. Во прашање е земја со големо политичко влијание и тоа секако, што го повлече признанието на независноста на Косово, ќе влијае и на други земји, посебно од тој регион, да повлечат одлука за признаието-истакна Дачиќ
Тоа е, како што објасни, резултат на систематското делување на претсавниците на државата, почнувајќи од претседателот, владата, министерството за надворешни работи, претседателката на парламентот.
– Не беше лесно да се дојде до една ваква одлука. Беше потребно година и пол дена континуирана работа, состаноци. Министерката за надворешни работи на Гана беше во посета на Србија. Претседтелот се неа разговарал и во Њујорк. Јас бев во Гана. И после долга работа уследи ваква одлука-наведе Дачиќ.
Ивица Дачиќ фото: Профимедиа
Дачиќ најавува дека уште четири или пет земји до крајот на годината ќе го повлечат признанието, а на прашањето како тоа стои со критиката на западните официјални лица кои не одобруваат вакви дипломатски акции од страна на Србија, последен беше специјалниот Американски пратеник за Западен Балкан Метју Палмер, шефот на српската дипломатија вели
– На нив не им се свиѓа што што го рушиме нивниот концепт дека се е решено, дека Косово е држава, иако никаде не е поставен услов да се откажеме од повлекувањето на независноста. Тие сакаат ние да се откажеме, а тие да ја продолжат работата на признавањето. Сега бројот на земји членки на УН кои го имаат признено Косово е под 100 , уште го утврдуваме точниот број. Целта на Белград е бројот на земји ко го признаваат Косово да падне под 97, што е помалку од половина членки на УН-вели Дачиќ. Зошто е за Србија бројот важен?
– Генералното собрание на УН денес го сочинуваат 193 членки, ГЛаот на секоја земја е важен, без разлика да ли се работи за светска сила или не кога се одлучува во важни тела како што е Интерпол, Унеско. Спрема прописите, кога некој ентитет ќе прогласи независност, како би добил меѓународно признание од Советот на безбедноста на УН потребна е согласност на сите 5 стални членки. Мали се шансите тоа да се деси со Косово, имајќи во вид дека меѓу сталните членки се Кина и Русија, кои имаат право на вето, а кои силно се противат на признавањето на независноста на Приштина. Пости уште еден начин, а тоа е да се добие статус на држава набљудувач со резолуција на собранието на УН, и тоа кога ќе се добие зелено светло од повеќе од пола држави членки. За потсетување тоа беше случај 2012.година со Палестина.