дома Вселена Претседателот Пендаровски на 22 ноември во посета на Претседателот Вучиќ

Претседателот Пендаровски на 22 ноември во посета на Претседателот Вучиќ

350
0
АКЦИЈА

Претседателот Стево Пендаровски, на 22 ноември ќе престојува во официјална посета на Република Србија.

Претседателот Стево Пендаровски

Во Белград, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Вучиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.

За време на официјалната посета на Република Србија, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

извор: Макфаx

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here