дома Вселена Миро Церар: Словенија подржува “мал шенген”

Миро Церар: Словенија подржува “мал шенген”

343
0
АКЦИЈА

Словенија ја поддржува соработката на балканските земји, како што е случајот со „мини-шенгенската” соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар пред парламентарната комисија за надворешна политика.

Миро Церар

– СЛОВЕНИЈА ИСТО ТАКА ИМА КОРИСТ ОД ТАКВАТА ИНИЦИЈАТИВА, ПОСОЧИ ТОЈ.

– НО, КЛУЧОТ ЗА ПОДОБРА СОРАБОТКА И УСПЕХ ВО ОВИЕ ЗЕМЈИ ВО ИДНИНА ЌЕ БИДЕ НИВНОТО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕУ, РЕЧЕ ЦЕРАР, ПОВТОРУВАЈЌИ ГО ОФИЦИЈАЛНИОТ СТАВ НА СЛОВЕНИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ КОН ЗАПАДЕН БАЛКАН.

– КОЛКУ ПОДОБРО СОРАБОТУВААТ ОВИЕ ЗЕМЈИ, ТОЛКУ Е ПОСТАБИЛЕН РЕГИОНОТ … КОЛКУ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ ЗА СЛОВЕНЕЧКИТЕ КОМПАНИИ И ТУРИСТИЧКА РАЗМЕНА ВО ДВАТА ПРАВЦИ, РЕЧЕ ЦЕРАР.

Меѓутоа тој истакна дека самите држави не можат да постигнат исти резултати како што би имале „во синергија со ЕУ”, а Словенија инсистира на тоа дека клучот за успехот на Западен Балкан, па дури и подобрата соработка помеѓу тие земји е проширувањето на ЕУ.

Извор Вечер

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here