дома Вселена Вучиќ: Дијалогот со Приштина ќе продолжи кога ќе се укинат таксите

Вучиќ: Дијалогот со Приштина ќе продолжи кога ќе се укинат таксите

342
0
АКЦИЈА
Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон на денешниот состанокот со него и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, сакал да ја покаже посветеноста на ЕУ кон Косово како проблем на европско тло и го повтори ставот на Србија дека дијалогот може да се продолжи доколку Приштина ги укине таксите.

На прашањето на новинарите дали Макрон со оваа ненадејна средба сакал да се вклучи во решавањето на косовското прашање и да ги врати двете страни во дијалог што поскоро, Вучиќ рече дека нема сомнеж оти Франција и Европа сакаат да играат голема улога по ова прашање, почитувајќи ги Американците и сите други.

„Францускиот претседател го изјави ова пред сè, мислејќи на себе и на германската канцеларка, како и на европските институции. Макрон сакаше да слушне за ситуацијата на тој ненајавен состанок, а јас бев реален, малку песимистички, отворен и ја кажав вистината“, истакна српскиот претдседател.

Извор Макфаx

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here