Сергеј Чермезов, раководителот на рускиот државен конгломерат Ростек, рече денес дека Русија за два месеци ќе почне да и испорачува на Турција противракетни системи S-400.
Чермезов истакна дека Русија успешно ја завршила обуката на турските стручњаци за користењето на системите S-400, пренесува Ројтерс
Турција е членка на НАТО која имаше негативни препораки од страна на алијансата околу договорот со Русија за испорака на ракетните системи S-400.