дома Балкан НАТО и донира на Црна Гора радар со голем домет од 1980-те...

НАТО и донира на Црна Гора радар со голем домет од 1980-те години

395
0
АКЦИЈА

3D радар од типот HADR (HR 3000)

НАТО на Црна Гора ќе и донира 3D радар од типот HADR (HR 3000) со голем домет, а неговата испорака предвидена е за наредните две години, му соопшти на подгоричкиот лист “Победа” неименувано официјално лице на алијансата.

Се наведува дека НАТО комитетот за инвестиции го прифатил барањето на Црна Гора за помош во воспоставувањето на систем за надзор во таа земја и исто така одобрена и е доделбата на радарот од голем домет произведен во 1980-те години за надзор на црногорскиот воздушен простор. Радарот и е даден на Црна Гора бесплатно за користење на неодредено време и ќе биде инсталиран на планината Беласица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here