Хрватската опозициона парламентарна партија Жив ѕид се соочува со распад по расправијата кој ќе го завземе местото на позиција пратеник во Европскиот парламент.
Бранимир Буњац е суспендиран заради желбата да биде пратеник во Европскиот парламент, а Иван Пернар се закани дека заради тоа ќе ја напушти партијата.
Иван Пернар по две конференции за новинари и повеќе објави на Фејсбук, практично потврди дека ја напушта партијата.
Драги пријатели по денешното јавно обраќање на Синчиќ мислам дека моето време во Жив ѕид заврши. Се надевам дека после него ќе ги отворите очите и ќе сватите каков е карактерот на луѓето кои ме ликвидираа од партијата која ја основав под оптужба дека сум лаком за пари, нечесен, осветољубив и оној кој се заканува и уценува, напиша Пернар во објавата на Фејсбук.