Генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг при посетата на нашата земја ја истакна борбата против лажните вести како механизам на почитување на демократските вредности на демократијата на кои се заснива алијансата, пренесува порталот Плусинфо.
Имаме факти, имаме отворена дебата, а за тоа ни се потребни и слободни медиуми. Потребни ни се новинари кои ќе ги проверуваат своите извори, медиуми кои ќе имаат различни ставови по исти прашања и кои ќе разговараат на отворени дебати, рече Столтенберг.