дома Балкан Србија ја модернизира својата армија со возилото од српско производство “Застава НТВ”

Србија ја модернизира својата армија со возилото од српско производство “Застава НТВ”

446
0
АКЦИЈА

Војската на Србија е една од најдобро опремените војски во регионот.

По повод на опремувањето на Војската на Србија со возилото “Застава Терво”, Министерот за одбрана на Србија даде изјава за медиумите.

“Министерството за Одбрана ќе направи се Војската на Србија да се опремува со нови возила, со ново наоружување и со нови средства. Војската на Србија не смее да изостанува во технолошки смисол позади било која армија во опкружувањето”

Министерот за одбрана на Србија-Александар Вулин дава изјава за новото возило до српско произвоидство Застава НТВ

Војнотехничкиот институт во соработка со друштвото “Застава Терво” од Крагујавац учествуваше во проектирање на ново теренско возило “Застава НТВ” кое е произведено во Крагуевачката фабрика во две варијанти, како комбе со продолжена кабина за превоз на 8:1 лица и теретно возило со кратка кабина за транспорт на орудие и матријали со маса од 1,4 тони.

теренското возило од српско производство Застава НТВ во движење

Домашната воена индустрија на Србија е една од најразвиените на Балканот, која работи не само за домашниот пазар туку и за светскиот. Многу Армии во светот се заинтересирани за српските системи за вооружување, одбрана, како и теренските и оклопните возила.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here