Познатиот босанохерцеговачки фотограф Џенан Џино го претстави во своето ново видео невероватниот поглед на кањонот Неретва од птичја перспектива или зелениот кањон, како што тој го нарече.
“Кањонот на Неретва од Јабланица до Грабовица е можеби најинтересниот и најубавиот дел од патот од Сараево до Мостар. Смарагдната боја на Неретва, доминантните карпи кои се воздигнуваат високо во небото, а сето тоа покриено со бујна вегетација, едноставно ќе ве остави без здив”, Зборови со кои Џино го опишува своето дело.